Уапсен крадец од скопско за издржување казна затвор

Полицијата од Оперативен тим потраги при СВР Скопје утрово во  5.10 часот во скопското село Сингелиќ го лишиле од слобода Д.Б.(35) од скопско Булачани.

Како што информира МВР, тој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор  од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

-Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР.