
Вчера во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(45) од Куманово.
Од МВР информираат дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.