Уапсен крадец кој насилно го ограбил манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино

Лишен од слобода крадец поради извршена „тешка кражба“ во манастир во Неготино.

Како што информираат од МВР, вчера (15.12.2025) во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода бил лишен М.А.(44) од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09:00 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.