
Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полицијата го уапсила 39-годишниот В.Ѓ од село Ресава, кавадаречко.
„На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта“, информираат од полицијата.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.