Уапсен кавадарчанец кој избегал од „Идризово“

Полицијата уапси маж кој избегал од затвор. 

- На 08.12.2024 во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.В.(38) од Кавадарци кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Идризово. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, информираа од полицијата.