Уапсен и третотобвинетиот за убиството на Саздо

Скопјаенцот Јетон Љута, третообвинет за убиството на младиот Никола Саздовски, е уапсен во Хамбург, Германија, дознава Канал 5.

Првите двајца обвинети веќе се осудени на по 19 години затвор. Обвинетите Бесим Беља и Скендер Демири претходно се изјаснија дека за убиство на свиреп начин на Никола Саздовски, припадник на навивачката група „Комити“ по бруталното претепување на 29 јуни 2018 година, не се виновни. Јетон Љута беше во бегство, па се очекува да му се суди по екстрадицијата во Македонија.