Вчера во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле 28-годишниот М.К.Б од Германија поради тоа што со нож нападнал двајца малолетници кои проселе.
Настанот се случил на улица „Доне Божинов“ во Куманово. Осомниченото лице во нападот ги повредил при што повредите им биле констатирани во Општа болница Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.