Уапсен е Мароканец кој крадел во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера го лишиле од слобода М.Б.(25) од Мароко, поради сомнеж дека истиот ден извршил кражби во три деловни објекти и една семејна куќа, од каде одзел повеќе предмети и пари.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи украденото било пронајдено и вратено на сопствениците, а лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.