Уапсен е анестизиологот кој снимал и објавувал пациенти на “тик ток”

Полицијата го уапси медицинското лице кое снимало и објавувало пациенти на “тик ток”.     

-На 14.04.2023  во 23.40 часот во тетовско  Одри полициски службеници го привеле  В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В., директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д., вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата "тик ток" лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош, соопшти полицијата. 

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.