Уапсен е 26-годишникот кој со „ауди“ прегази две деца на „Партизанска“

 

Млад возач прегази двајца малолетници на „Партизанска“, полицијата го уапси. 

- Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што вчера околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед, информираа од полицијата. 

Двајцата малолетници со Итна медицинска помош биле пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.