Вчера во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола.
Имено дрскиот крадец само 45 минути порано околу 15:30 минути влегол во дворот на 74-годишната С.Б од Битола и со употреба на сила и одзел личен накит.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.