Денес околу 02.50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полицијата го уапсила 44-годишниот Т.Ј. од Република Турција поради криумчарење мигранти.
„При контрола во возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.Возилото било одземено, а лицето било задржано во станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.