Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, од страна на полицијата бил уапсен 30-годишниот А.Т од Скопје откако кај него била пронајдена марихана.
„Подоцна, по дополнително преземени мерки, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дигитална вага, бела грутчеста материја, таблети, пиштол „Зораки М 906“ со рамка, пари и други предмети“, велат од МВР
Од полицијата посочуваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.