
Дилер од гостиварско бил приведен за издржување 18-месечна затворска казна.
Од МВР информираат дека синоќа во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле В.А.(52) од село Неготино.
Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
„Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, додаваат од МВР.