Вчера во 19:00 часот полициски службеници од СВР Тетово го уапсиле С.Ш.(22) од с.Челопек, тетовско. Имено по превземни мерки и активности осомничениот бил уапсен во кругот на угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, додека во близина на самиот објект полицијата пронашла пакетчиња со прашкаста материја за која се претпоставува дека му припаѓаат на С.Ш.
Од МВР известуваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.