Уапсен дилер на дрога од скопско

Полицајци од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го уапсиле Е.Ц.(29) од село Долно Коњари, скопско кај кого пронашле дрога.

Од МВР соопштија дека кај него биле пронајдени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и пари, кои се одземени и предадени за вештачење.

Дилероте задржан во Полициска станица Гази Баба, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.