
Вчера во 15.50 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го уапсиле Е.А.(33) од Битола. Тој бил жив фатен како ограбува магацин на приватна фирма при што кај него биле пронајдени повеќе одземени предмети.
Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против Е.А. ќе следува соодветна пријава се вели во соопштението на МВР