Уапсен битолчанец за производство и промет на дрога

Во текот на вчерашниот ден уапсен е битолчанец поради поседување на дрога. 

На 12.05.2022 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола го лишиле од слобода А.А(30) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичен законик, информираат од МВР.