Уапсен беровец поради точење алкохол на малолетници

Денеска (02.07.2022) во периодот од 01.00 до 03.00 часот, полициски службеници од СВР Штип во содејство со Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на ОВР Берово спроведоа контрола на угостителски објекти.

При контрола во угостителски објект во Берово биле затекнати три малолетни лица после 24.00 часот, додека два угостителски објекти не го почитувале работното време.

Од слобода бил лишен П К.(25) од Берово поради сомнение за сторено кривично дело „точење алкохол на малолетни лица" по член.204 од Кривичниот законик.

По целосно докумнетирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.