Уапсен бегалец од затворот „Идризово“

Денеска во 02.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полицијата го уапси 46-годишниот Б.С. од Тетово кој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци.

Б.С. сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Веднаш по апсењето бегалецот бил предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.