
Лишен од слобода бегалец од затвор кој бил осуден за убиство на затворска казна од осум години.
Како што информираат од МВР, денеска (23.10.2025) околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага во с. Манастирец, општина Росоман, од слобода е лишен Б.Л.(38), кој бил баран по централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Штип од 18.08.2023 година.
Б.Л. е осуден за сторено кривично дело по чл.123 (убиство) на казна затвор во траење од осум години, а за доиздржување има уште четири години, девет месеци и 24-денови.
Од МВР посочија дека тој е предаден во КПУ Затвор Штип.