
Уапсен Албанец на еден граничен премин. Ставил мито во патната исправа наменета за полициски службеник.
- На 10.02.2026 во 20:25 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик. Имено, при пасошка контрола при излез од државата, тој во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што го сторил делото, информираа од МВР.
Албанскиот државјанин е задржан во Полициската станица Дебар и по целосно документирање на случајот, против него ќре биде поднесена соодветна пријава.