Уапсен 85-годишник бидејќи подметнал пожар во струшко

85-годишник од струшкото село Заграчани бил лишен од слобода, бидејќи, според МВР, претходно предизвикал пожар на отворен простор.

Како што информираат од МВР вчера во 16:30 часот, на локалниот пат меѓу селата Заграчани и Долна Белица, бил лишен од слобода А.М. (85) од Заграчани.

Според пријавеното, тој претходно кај месноста „Лок“ подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација.

Во пожарот нема повредени лица, а во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

По целосното документирање на случајот, против 85-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.