Уапсен 62-годишен маж баран со потерница

Полицијата уапси 62-годишен маж кој се барал за издржување затворска казна. 

Вчера полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за Потраги-Отсек за потрага по цел на улица Аврам Пицевски во Скопје го лишија од слобода Н.Н.(62) кој бил баран со потерница по Наредба од Основен Кривичен Суд Скопје за издржување на казна затвор од 3 години, за кривично дело казниво по член 236 ст.1,2 од КЗ на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.