Уапсен 58-годишник од гостиварско - во неговиот дом пронајдени, кокаин, марихуана и муниција

Утрово во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.С.(58) од село Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за пиштол.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.