Синоќа во 23.15 часот во Гостивар, полицијата го уапсила 54-годишниот С.Т. од Кавадарци со живеалиште во Гостивар поради кражба.
„Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени. Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите“, информираа од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.