Полицијата го приведе И.Џ. (49) од Тетово, поради подметнување на пожар кај Катланово.
„Вчера околу 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ.“, соопшти МВР.
Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.