Уапсен 49-годишен прилепчанец - при претрес пронајдени пиштол и муниција

Вчера во 11:00 часот, полициски службенци од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р.(49) од Прилеп.

Од МВР информираат дека при претрес на две локации во Прилеп, сопственост на И.Р., извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени и одземени пиштол, 19 куршуми различен калибар и други предмети.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.