Вчера во 15: 05 часот на улица „180“ во Тетово е уапсеен 48-годишниот Ф.Р. од Тетово откако бил пријавен дека повеќе пати и се заканувал на новинарката Л.В.Т.(32) од тетовска Мала Речица.
„Тој е задржан во полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.