Уапсен 44-годишен скопјанец кој ги запали возилата на бугарската Амбасада во Скопје

Полицијата го пронајде и приведе осомничениот за опожарувањето на две службени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје кое се случи вчера. 

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е задржан во полициска станица.

При преземените дејствија била пронајдена и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

Од МВР информираат дека во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка.