Вчера полицијата во Кавадарци го уапсила 42-годишниот И.П. од Кавадарци кој се сомничи дека на 22.01.2025 година во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата 52-годишна партнерка С.С.С. од Кавадарци. Таа била пронајдена од нејзината ќерка Д.Т. која случајот го пријавила во полициска станица.
Против него е поднесена кривична пријава за „убиство“, додека судија од Основниот суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена каде потоа е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
Од МВР посочуваат дека по извршените вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото.