
Вчера во 20.50 часот во спортска сала на подрачјето на Кисела Вода, полицијата го привела 39-годишниот С.С. од Скопје затоа што за време на одигрување на кошаркарски натпревар се обидел да влезе на теренот.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.