Уапсен 39-годишен скопјанец откако ги претепал неговите сестра и мајка

Вчера во 16.30 часот во село на подрачјето на општина Петровец, полицијата го уапсила 39-годишниот Д.З. Тој бил пријавен дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 43-годишна сестра и неговата мајка.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на настанок против уапсениот Д.З. ќе следува соодветна пријава.