
Денеска во 01.10 часот во Пробиштип, полицијата го уапсила 36-годишниот Љ.М. од Пробиштип затоа што се обидел со нож да нападне полицаец кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно во дворот од нејзината куќа физички ја нападнал 23-годишната Т.А. од Пробиштип.
„Според пријавеното, околу 23.20 часот во казино во Пробиштип, Љ.М. физички бил нападнат од А.А. од Пробиштип, брат на Т.А., по што отишол во нејзиниот двор за да го најде А.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираат од полицијата.