Вчера полициски службеници го уапсиле 36-годишниот Б.Р. поради пукање со пиштол во нозете на друго лице
„На 23.12.2024 на ул. „Бутелска“ во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје. Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена“, додаваат од МВР.