Вчера во 20.30 часот во Куманово, полицијата во Куманово го уапсила 36-годишниот Р.К. од Куманово. Во неговата продавница биле пронајдени и одземени пиротехнички средства
„При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства. Р.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.