
Вчера во 20.20 часот во Куманово, од страна на полицијата е уапсен 36-годишниот Г.Н. од Куманово поради сомнеж дека обивал автомобили и одзел повеќе предмети од нив.
„Тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила. Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.