Вчера среде бел ден во 13:40 часот полицијата од Куманово го уапсила 28-годишниот С.Б. од Куманово во момент на кражба.
„Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети“, информира МВР.
Од МВР иформираат дека С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.