Уапсен 28-годишен дилер во Битола: Пронајдени 42 пакувања кокаин, марихуана и други предмети во неговиот дом

Вчера во 17:25 часот, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот на С.С.(28) од Битола.

Од МВР информираат дека при претресот, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени и одземени биле 42 пакувања со прашкаста материја, марихуана, дробилки со остатоци од марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.