
Приведен 25-годишник од Старо Нагоричане бидејќи предизвикал пожар додека бил во алкохолизирана сосотојба.
Вчера во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода 25-годишниот Ф.М. од селото Враготурце, Општина Старо Нагоричане, по пријава дека предизвикал пожар во селото.
При приведувањето, по извршените проверки, било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта.
Од МВР информираат дека лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.