Уапсен 25-годишен штипјанец поради предизвикување на пожар

Лишен од слобода штипјанец поради предизвикување пожар.

Како што информираат од МВР, вчера (30.08.2025) околу 15:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.С. (25) затоа што околу 14:30 часот предизвикал пожар во месноста „Елки“, при што била опожарена сува трева и ниска вегетација. Веднаш по добиената пријава за настанат пожар, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и констатирано е дека Б.С., лице со здравствени проблеми, запалил трева, по што пожарот се проширил кон ридот.

Известен е јавен обвинител, Б.С. по насока на медицинско лице е пренесен во Психијатриска болница Штип и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.