Уапсен 25-годишен штипјанец фатен како потпалува сува трева

Полицијата уапси 25-годишник од Штип кој бил затекнат како потпалува сува трева.

- На 11.06.2026 во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(25) од Штип. Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип - Кочани во атар на село Долни Балван. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З., информираа од МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.