Ноќва, во 1.40 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативниот тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода 24-годишниот И. Н. од скопско Трубарево, извести МВР.
„За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
И. Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.