
Полицијата вчера во 12:00 часот го уапсила 22-годишниот Б.П. од Неготино кој бил баран по централна потерница поради сторени кривични дела „криумрачење мигранти“.
„Тој се сомничи дека е инвилвиран во настанот од 12.05.2025 во близина на Граничен премин Богородица, при што во близина на патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кои припаѓаат на друго возило, беа пронајдени четири женски лица мигранти од Кина, од кои едната во бессознание“, велат од МВР.
Претходно, во врска со овој настан, Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ј.К.(25) од Неготино, кој беше лишен од слобода на 13.05.2025, по што судија на претходна постапка му определи мерка домашен притвор во траење од 30 дена.