Уапсен 22-годишник од Скопје

Денеска во 10.30 часот на ул.„ Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д.(22) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната, информираа од МВР.