
Вчера во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, од страна на полицијата бил уапсен 19-годишниот Р.Д. од село Морано.
Кај него биле принајдени и одземени пиштол „зораки“, една рамка и 61 куршум.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.