Уапсен 18-годишен скопјанец, полицијата дома му пронајде кокаин

Речиси 200 грама кокаин биле пронајдени при претрес во дом во Сингелиќ, каде престојувал 18-годишен скопјанец. За случајот е поднесена кривична пријава.

- Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.В.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, инфомрираа од  МВР. 

Оттаму додаваат дека вчера, врз основа на Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом, други простории и придружни објекти во с.Сингелиќ, скопско, каде престојувал, биле пронајдени и одземени две пакувања со бела грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Оддел за Форензички испитувања при МВР било констатирано дека грутчестата материја е кокаин со нето маса од 198,46 грама.