Уапесн крадец кој крадел од неизградена црква

На бул.„АСНОМ“ во Скопје вчера во 14.00 часот полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје, кој бил затекнат при обид да изврши кражба во црква во изградба.

Од МВР денеска информираа дека кај него биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.