Многу често, кога сме вознемирени, тажни или без енергија, веднаш мислиме на умот.

Photo by Andrea Piacquadio
Но ретко кој прво помислува на стомакот. А токму таму, во тивките микроби што живеат во нашите црева, се крие еден од клучевите за нашето ментално здравје.
Нашето тело има нешто што научниците го нарекуваат „цревно-мозочна оска“ – комуникациски систем помеѓу дигестивниот систем и мозокот. Тоа значи дека кога цревата се воспалени, разбалансирани или преоптоварени, тоа директно влијае на тоа како се чувствуваме психолошки. Оваа врска е толку силна, што некои експерти го нарекуваат цревата „вториот мозок“.
Во нашите црева живеат милијарди добри бактерии, познати како микробиоми. Тие не само што помагаат при варењето на храната, туку произведуваат и важни хемикалии за мозокот, како серотонин, кој е одговорен за чувството на среќа и смиреност. Всушност, околу 90% од серотонинот во телото не се создава во мозокот, туку токму во дигестивниот систем.
Photo by JESHOOTS.com
Кога јадеме премногу шеќер, процесирана храна или кога сме под хроничен стрес, микробиомот страда. Тоа води до нарушувања во дигестијата, воспаление и зголемена анксиозност. Некои студии покажуваат дури и директна поврзаност меѓу нарушениот микробиом и состојби како депресија, ПМС и хроничен замор.
Како можеме да ја зајакнеме оваа врска и да го подобриме расположението преку стомакот?
Јадете повеќе влакна (од овошје, зеленчук и мешунки) – тие се храна за добрите бактерии.
Намалете го внесот на прекумерен шеќер и алкохол – тие го нарушуваат микробиомот.
Внесувајте ферментирана храна – како јогурт, кефир, кисела зелка, комбуха.
Размислете за пробиотици, но не како замена, туку како дополнување.
Бидете внимателни со антибиотици – тие убиваат и добри и лоши бактерии.
Не потценувајте го стресот – длабокото дишење, медитацијата и сонцето се важни колку и храната.
Нашето расположение не зависи само од мислите што ги мислиме, туку и од храната што ја јадеме и средината во која се наоѓаат нашите црева. Кога ќе почнеме да го третираме стомакот како дел од нашиот емоционален систем, ќе откриеме дека многу одговори на анксиозноста, тагата и внатрешниот немир биле тука, во нас, цело време.