Твојата животна патека...

Слушај, кога ти е многу тешко,
кога нешто многу те мачи
и кога навистина ти е тесно
и на улица и дома
веднаш одмавни со левата рака
и веднаш одмавни и со десната рака
и одлучно и цврсто тргни
по некој нечуен звук.

Тргни по патеката која ја нема.

Тоа ќе биде твојата патека.
Којзнае што ти подготвува утрешниот ден,
тој твој пат без патокази,
но да знаеш: тоа е твојата патека,
која сепак води некаде
и на неа нема место за друг човек,
па затоа оди по неа! 

Ако сепак некогаш и некаде
налеташ на луд камен
и паднеш на глава,
не биди тажен,
туку те молам да бидеш јунак,
како ништо да не се случило
и продолжи по својата патека
уште поодлучно. 

А кога ќе се чувствуваш добро,
кога ќе помислиш дека си силен,
смири ја малку својата сила,
немој да се правиш важен
и продолжи по својот пат,
ниту лево, ниту десно.

И еден ден ќе стигнеш
на крајот на твојот пат.
Тогаш можеби ќе бидеш
и без чевли и капут,
но ќе знаеш што си, кој си
и колку навистина вредиш.

Ќе бидеш Некој само затоа што
го следиш само својот пат.